ЖЕНШЕН КАПСУЛИ

Коренот од женшен ја подобрува способноста на организмот за приспособување кон различни видови стрес. Исто така, помага во подобрувањето на имунитетот, во регулацијата на гликозата во крвта, како и во регулацијата на липидниот статус и на холестеролот во крвта.

Коренот од женшен помага во стимулацијата на централниот нервен систем и ги подобрува телесните и умствените способности, концентрацијата и телесната издржливост.

Женшен помага во регулирањето на крвниот притисок и во нормалното функционирање на црниот дроб.

Капсулите Женшен се препорачуваат за:

  • подобрување на одбранбената активност на организмот;
  • подобрување на издржливоста на организмот при потешка умствена и физичка работа;
  • ублажување на стресни состојби;
  • подобрување на работната способност и на концентрацијата;
  • подобрување на општата состојба на организмот;
  • подобрување на спортската активност.

Препорачана дневна доза и начин на употреба

За перорална употреба.

Краткотрајна употреба: 1 до 2 капсули 2 пати на ден во тек на 15 до 20 дена. Препорачано е капсулите да се земаат наутро 2 часа пред оброк и навечер 2 часа по оброк.

Пред повторна употреба се препорачува пауза од 14 дена.

Долготрајна употреба: континуирано, по 2 капсули на ден.