УРИНОХЕРБАЛ
КАПСУЛИ ШТО ПРИДОНЕСУВААТ ЗА НОРМАЛНА ФУНКЦИЈА НА УРИНАРНИОТ СИСТЕМ

Капсулите содржат екстракт од етерично маслo од вид на оригано (Origanum heracleoticum L.), што содржи активни компоненти карвакрол и тимол, што придонесуваат за нормална функција на уринарниот систем. Етеричното масло од оваа билка има умерен диуреичен ефект и силно антибактериско дејство и делува бактерицидно на широк спектар на бактерии. Неговата употреба се препорачува при циститис со хематурија и уретритис, а се користи и за третман на посттрауматски и статичен едем како и за иригација при бактериски и воспалителни заболувања на долниот дел на уринарен тракт.  Капсулите може да се користат и како заштита за уринарниот систем кај особи што се склони на чести уринарни инфекции.

Капсулите се препoрачуваат:

  • за одржување на нормална функција на уринарниот систем.

Препорачана дневна доза и начин на употреба

  • Првите 3-5 дена: 3 пати на ден по 2 капсули.
  • По 3-5 дена: 3 пати на ден по 1 капсула.

Производот е достапен во пакување од 30 капсули.