Супер микс

Внимателно подготвена мешавина од суво, кандирано и од костеливо овошје, со висока енергетска вредност, односно 400 kcal за 100 g. Содржи темно и светло суво грозје, кандиран ананас, кандирана папаја, кандирана брусница, семки од тиква, пињоли (семки од бор), лешник и индиски орев. Кандираните овошја се без додадени бои, а, пак, кандираната брусница е подготвена со одредена количина сок од бозел и нивниот сладок вкус одлично се комбинира со вкусот на костеливото овошје. Семките од тиква имаат висока содржина на магнезиум, бакар и на цинк. Семките од бор (пињоли) имаат големо количество манган, магнезиум, фосфор, бакар, цинк и железо, но и висока содржина на витаминот К и на витаминот Е. Лешникот има голема количина на минералите манган, бакар и магнезиум и на витаминот Е. Индискиот орев има висока содржина на витаминот К и на минералите бакар, манган, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Магнезиумот ја намалува замореноста на организмот, дава свој придонес кон електролитниот баланс, кон добрата функција на нервниот, мускулниот и на коскениот систем, ја подобрува искористеноста на енергијата, синтезата на протеините и др. Цинкот игра важна улога во метаболизмот на сите макронутриенти, во метаболизмот на витаминот А, на масните киселини, ја подобрува когнитивната функција, функцијата на репродуктивниот систем, важен е за кожата, за косата и др., но една од најважните негови улоги е антиоксидативноста и подобрувањето на функцијата на имуниот систем.