Студентски микс

МЕШАВИНА ОД ЈАТКАСТО И ОД СУШЕНО ОВОШЈЕ

Индискиот орев, исто како и останатото јаткасто овошје, има висока енергетска вредност од 550 kcal за 100 g, има висока содржина на бакар, манган, фосфор, магнезиум, железо, цинк, калиум и на селен. Од групата витамини, оревот има висока содржина на витаминот К.

Бланшираниот бадем има висока енергетска вредност, односно има 570 kcal за 100 g, има висока содржина на влакна (10g/100g) и на одредени минерали и витамини. Од минералите најзастапени се манган и бакар, додека магнезиум, фосфор, калциум, цинк и калиум, исто така, присутни се во голема количина. Најзастапен витамин е витаминот Е, но во голема количина застапен е и рибофлавинот – витаминот B2.

Оревот има висока енергестка вредност од 570 kcal за 100 g, има висока содржина на влакна, бакар и на манган, како и на фосфор и магнезиум, на цинк и селен, а од групата витамини, има висока содржина на витаминот B6.

Лешникот има висока енергетска вредност, односно 630 kcal за 100 g, претставува богат извор на влакна (10g/100g) и на одредени минерали и витамини. Од минералите, кај овие јатки најзастапени се манган и бакар, но исто така, има и голема количина магнезиум, фосфор, железо и калиум. Од групата витамини, кај лешникот доминира витаминот Е, но исто така, во голема количина застапени се и тијаминот и витаминот B6.

Сувото грозје има енергетска вредност од 300 kcal за 100 g, претставува извор на влакна, има висока содржина на флуор, бакар и на калиум.

Кандираната брусница има висока енергтска вредност од 300 kcal за 100 g и претставува богат извор на влакна. Брусницата е богата со манган, бакар и со витамин Е.

Манганот е важна компоненета во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите.

Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на заздравување и ја помага апсорпцијата на железо. Витаминот Е игра улога на антиоксиданс во човековото тело, но исто така, учествува во создавање на црвените крвни зрнца, ја регулира мускулната активност и активноста на жлездите.