Слезов микс

Чајна мешавина што се состои од сладок корен, корен од бел слез, лист од бел слез, од цвет од црн слез, цвет од лопен, лист од подбел, мајчина душичка и од плод од сладок анасон. Оваа билна мешавина помага за смирување на кашлицата.

Една супена лажица од мешавината „Слезов микс“ се прелива со 250 ml зовриена вода. Се остава да отстои 30 минути во покриен сад, со повремено мешање, а потоа се цеди.

Свежо приготвениот чај се пие трипати на ден, незасладен.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување од 100 g.