Семе од чија

Чијата потекнува од Централна Америка, каде што се користела уште од времето на Ацтеките. Тие ја нарекле „храна за трчање“ поради тоа што им овозможувала да ја одржат својата енергија. Дури една третина од нејзиниот составот припаѓа на мастите, од коишто повеќето се омега 3 и омега 6 масни киселини. Исто така, во составот има големо количество диетални влакна и протеини. Семето од чија содржи витамини од групата B, фосфор, калциум, цинк, како и антиоксиданси. За да се задоволат дневните потреби од омега 3 масните киселини, доволно е да се консумира околу 10 g семе од чија. Омега 3 масните киселини, особено АЛК, којашто е застапена во семето чија, одговрни се за одржување на нормалното ниво на холестерол и се неопходни за нормален развој и раст на децата.