Печени семки од тиква

Печените семки од тиква имаат енергетска вредност од 570 kcal за 100 g, имаат висока содржина на одредени минерали и витамини, а исто така, имаат и висока содржина на растителни влакна. Од минералите, во најголема количина присутни се манган, фосфор, магнезиум, бакар, но исто така, овие семки имаат висока содржина и на цинк, железо и на калиум. Од витамините, во семките од тиква најприсутен е нијацинот.

Манганот е важна компоненета во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите.Фосфорот, заедно со калциумот, игра улога во градбата на коските и на забите, а воедно игра и важна улога во преносот на енергија на клетките.

Магнезиумот е потребен за правилен тонус на мускулите, за здрави коски и за здраво срце. Тој, исто така, делува како природен смирувач, значаен е за сите клетки бидејќи е поврзан со функцијата на многубројните ензими во човековиот организам.

Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на заздравување и ја помага апсорпцијата на железо.