ПЧЕНКАРНА ПАЛЕНТА GRINI

Палентата има историја која датира од 1700 е – кога беше популаризирана во Италија. Ја сметале за храна на селаните, бидејки ја имало во изобилство и по ниска цена.

За американските Индијанци зборот пченка значи „она што го одржува животот“. Таа е веднаш зад пченицата и оризот како едно од најважните жита во светот.

Палентата скоро да не содржи масти, има ниска количина на прости шеќери и натриум, затоа таа е една добра основа за здрав оброк. При подготовка на оброкот внимателно одберете ги и останатитие состојки. Бидејќи таа е една од најдобрите производи за снабдување на организамот со долготрајна енергија, и секогаш е добра идеја да се меша со зеленчук.

Од друга страна палентата претставува оброк кој е многу лесен за приготвување и погоден за појадок, ручек или вечера, може да се сервира топла или ладна, мека или тврда.

Неодоливи комбинации и рецепти можат да се направат од палентата, со малку имагинација и употреба на зачини како што се: бибер, ким, морков сушен, босилек, ЗАЧИНАЛ и сл.

Пробајте ја новата, неодоливо вкусна ПЧЕНКАРНА ПАЛЕНТА од палетата на GRINI и зачинете го Вашиот оброк според Ваш вкус.

ПЧЕНКАРЕН ГРИЗ GRINI

Пченичниот гриз е одличен извор на долготрајна енергија, кој во скоро воопшто себе не содржи масти, прости шеќери и натриум, а има и одредена количина на витамини од B групата.

Гризот, кој е познат како детска храна на која не можат да одолеат и возрасните, е лесен за подготовка и вкусен во секакви кобинации со зачини како што се цимет, афионово семе и сл.

Пробајте го новиот ПЧЕНИЧЕН ГРИЗ од палетата на GRINI, погоден за секој дел од денот, како оброк или ужина, и уживајте во слаткото задоволство што ви го нуди.