Морска сол

Вообичаено, морската сол се добива со испарување на солената морска вода, која е акумулирана во базени, со помош на сонцето. Морската вода прво минува низ базени со помала концентрација на сол, па потоа низ базени со поголема концентрација на сол и потоа се кристализира. Пред пакување за финален прехранбен производ, таа се прочистува и се јодира.

Освен натриум, во морската сол во помали количини се наоѓаат и други минерали, како магнезиум, калциум, калиум, железо и хром. Но, најважен, сепак, е јодот кој се додадва за да се спречи појавата на гушавост. Јодот придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална когнитивна функција, нормален енергетски метаболизам, за нормална функција на тироидната жлезда и за продукција на тироидните хормони и најважно е што придонесува за развојот на децата.