Лешник

Лешникот има висока енергетска вредност, односно 630 kcal за 100 g, претставува богат извор на влакна (10g/100g) и на одредени минерали и витамини. Од минералите, кај овие јатки најзастапени се манган и бакар, но исто така, има и голема количина магнезиум, фосфор, железо и калиум. Од групата витамини, кај лешникот доминира витаминот Е, но исто така, во голема количина застапени се и тијаминот и витаминот B6.

Манганот е важна компонента во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но ја помага и функцијата на мозокот и на нервите.

Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на заздравување и ја помага апсорпцијата на железо.Витаминот Е игра улога на антиоксиданс во човековото тело, но воедно, учествува и во создавање на црвените крвни зрнца, ја регулира мускулната активност и активноста на жлездите.