Киноа и Киноа микс

Киноата се користела уште пред 3500 години од Инките во Јужна Америка, а последниве неколку децении нејзината употреба веќе е проширена низ сите континенти, па дури и ОН 2013 година ја прогласија за година на киноата. Најчесто ја употребуваат оние коишто сакаат да го избегнат глутенот бидејќи таа претставува одлична безглутенска храна. Се користи како замена за житни производи во слатки или во солени јадења. Киноата е одличен извор на магнезиум, фосфор и на манган, но и на витамин B9. Во својот состав содржи и други минерали, незаситени масти, голема количина растителни влакна и есенцијални аминокиселини. Магнезиумот е важен за нормални коски и заби, за нормална функција на мускулите, на нервниот систем, на метаболизмот и, најважно, придонесува за намалување на заморот.

Постојат неколку видови киноа, и тоа бела, црвена, виолетова и црна, а нашиот производ Киноа микс претставува мешавина од бела, црна и од црвена киноа.