Ketoconazol шампон против првут и себореичен дерматитис

100 ml

Кетоконазолот е широкоспектарен антимикотик, дериват на имидазолот. Неговиот спектар на дејствување ги опфаќа дерматофитите (Microsporum, Trichophyton, Epidermophyton), квасните габички (Candida, Criptococcus, Pityriosporum), диморфните габи (Histoplazma capsulatum, Coccidiodes, Paracoccidiodes) и многу други габи.

По употребата не дејствува примарно иритирачки, алергено, ниту фототоксично. По локална примена не се апсорбира во крвта, па затоа нема системски ефекти.

Терапевтски индикации

Терапија и профилакса на:

  • питиријазис верзиколор;
  • себореичен дерматитис;
  • првут.