Грамил микс

ЧАЈ ЗА СМИРУВАЊЕ ТЕГОБИ ОД ХЕМОРОИДИ

Чајна мешавина од ајдучка трева, камилица, коњски опаш, корен од глуварче, ленено семе и други билки кои придонесуваат за ублажување на симптомите при појава на хемороиди. Сите компоненти од мешавината го подобруваат варењето на храната, подобрувајќи ја перисталтиката на дебелото црево и притоа регулирајќи ја столицата. Чајот се препорачува и при состојби на крвавења од хемороиди, за запирање на крвавењето и за смирување на болките при појава на истите.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 50 g