ГЕЛ СО НЕВЕН

Гелот со невен претставува бистар и транспарентен маслен гел, со портокалова боја и пријатен, карактеристичен мирис. Активните состојки на маслениот екстракт од невен, масло од јојоба и масло од морков помагаат за епителизација на кожата и имаат против-воспалително делување. Поради овие дејства, производот се препорачува за олеснување на воспалителни процеси на кожата, изгореници, лузни, убоди од инсекти и за побрзо заздравување на површински рани. Маслото од јојоба го регулира создавањето на себумот, па е погодно за нега на мешовита кожа. Маслото од морков ја поттикнува регенерацијата на клетките, ги враќа тонусот и еластичноста на кожата, посебно кај сува или зрела кожа.

Гелот се препорачува само за надворешна употреба:

  • за олеснување на воспалителни процеси на кожата;
  • при изгореници;
  • при лузни;
  • при убоди од  инсекти и
  • за побрзо заздравување на површински рани

Препорачана дневна доза

Гелот со невен се нанесува во тенок слој на кожата два до три пати во тек на денот, со лесно втривање.

Гелот со невен не смее да се нанесува на отворени и инфицирани рани.

Не се препорачува користење на гелот кај деца под 6-годишна возраст.

Производот е достапен во пакување од 50ml.