Енергетски микс

Извонредно вкусна комбинација на костеливо и суво овошје, составена од суво грозје, суров лешник, пржен индиски орев и од суров бразилски орев. Високоенергетски производ којшто има дури 470 kcal за 100 g производ, со што ќе ви овозможи енергија за силниот физички напор во текот на денот. Повеќето од овие компоненти имаат висока содржина на растителни влакна и на незаситени масни киселини, а самиот микс е богат со минерали и со витамини. Сувото грозје има висока содржина на минералите флуор, бакар и калиум; индискиот орев има висока содржина на витаминот К и на минералите бакар, манган, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Лешникот има голема количина од минералите манган, бакар и магензиум, а бразилскиот орев има голема количина селен, магнезиум, фосфор и манган. Лешникот и бразискиот орев имаат висока содржина на витамин Е и на тијамин. Витаминот Е и селенот ги штитат клетките од оксидативен стрес преку својата антиоксидативна улога, со што ја појачуваат функцијата на имуниот систем. Селенот, исто така, е важен и за тироидната жлезда, но и за косата и за ноктите. Манганот е важна компонента во метаболизмот на јаглехидратите, мастите и на протеините, но дејствува и како елемент којшто ја помага функцијата на мозокот и на нервите. Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на залекување, ја помага апсорпцијата на железото и др.