Егзотик микс

Сувото грозје има енергетска вредност од 300 kcal за 100 g, претставува извор на влакна, има висока содржина на флуор, но исто така, и на бакар и на калиум.

Банана чипсот има висока енергетска вредност од околу 520 kcal за 100 g и висока содржина на влакна (8g/100g). Има висока содржина на манган и претставува извор на калиум, магнезиум и на бакар, како и на витаминот B6.

Кокос чипсот има висока енергетска вредност од 660 kcal за 100 g и има висока содржина на влакна (16g/100g). Има висока содржина на манган, но и на бакар и на селен.

Кандираниот ананас има висока енергетска вредност од околу 340 kcal за 100 g и има висока содржина на манган. Свежиот ананас има значителна содржина на витамин C.

Кандираната папаја има висока енергетска вредност од околу 340 kcal за 100 g. Свежата папаја има висока содржина на витамините А и C.

Флуорот е особено важен за забите и за коските, но исто така, има и заштитна улога за организмот, особено од бактериски инфекции.

Манганот е важна компонента во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите.