Чај од глуварче

Коренот од глуварче содржи голем број компоненти, кои придонесуваат за одржување на нормалната функција на дигестивниот систем. Стимулирајќи го варењето на храната, придонесува и за одржување на апетитот. Исто така, коренот придонесува и за нормална функција на желудникот и на црниот дроб. Одредени компоненти, присутни во коренот, помагаат во одржувањето на нормалниот уринарен проток. Билката може да ги заштити клетките и ткивата од оксидативно уништување.

Една филтер-кесичка се прелива со 150 ml зовриена вода. Се остава да отстои 10 минути во покриен сад. Свежо приготвениот чај се пие два- до трипати на ден. Не се препорачува употреба на чајот кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација. Се препорачува консултација со лекар при употреба на чајот кај пациенти што земаат лекови.

Достапен е во пакувањe од 20 x 2,3 g корен од глуварче.