БИЛНИ КАПКИ КОИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ АПЕТИТОТ

Билните капки претставуваат мешавина од екстракти од ајдучка трева, корен од линцура, црвен кантарион и од цвет од камилица и содржат активни компоненти што помагаат за поголемо лачење плунка и желудочен сок. На тој начин капките помагаат за подобрување на апетитот и на варењето на храната.

БИЛНИТЕ КАПКИ СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ:

  • за подобрување на апетитот;
  • за подобрување на функцијата на цревата во дигестивниот систем;
  • за подобрување на варењето на храната.

Препорачана дневна доза
Возрасни и деца постари од 18 години: 3 пати на ден пред јадење по 30 капки во мала количина вода.