БИЛ-ОЛ

Бил-ол капки

Капките Бил-ол претставуваат течен раствор наменет за инхалација, којшто како активна компонента содржи мешавина од ментол и испарливи етерични масла. Топлата пареа од Бил-ол ја влажни надразнетата слузница на дишните патишта и помага за смирување на кашлицата предизвикана од дразнење на грлото, душникот и на бронхиите.

Етеричните масла и ментолот во капките Бил-ол имаат противбактериско, противвоспалително, спазмолитично (против грчеви), аналгетично (против болка) и експекторантно (за искашлување/ исплукување) дејство.

Етеричните масла помагаат за ослободување на бронхиите од блокирање, правејќи го секретот потечен и олеснувајќи го искашлувањето.

Капките Бил-ол се препорачуваат:

  • за олеснување на симптомите на настинка;
  • при воспаление на слузницата на носот и на синусите;
  • при затнатост на горните дишни патишта;
  • за олеснување на искашлувањето на густиот секрет;
  • за олеснување на симптомите на главоболка.

САМО ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА (ИНХАЛАЦИЈА)!

Деца од 4 до 12 години:

Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се капнуваат 2 до 4 капки за инхалација Bil-ol. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути. Постапката се повторува два до три пати на ден.

Возрасни и деца постари од 12 години:

Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се капнуваат 5 до 8 капки за инхалација Bil-ol. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути. Постапката се повторува два до три пати на ден.

Се препорачува да се избегнуваат нагли промени на температурата на воздухот по инхалирањето.

Се препорачува да се користи инхалатор Bil-ol којшто е специјално анатомски дизајниран за поефикасна инхалација. Според потребата, се препорачува инхалирање со вдишување низ носната празнина или, пак, низ усната празнина.


Бил-ол гел

Гелот Бил-ол во својот состав вклучува хидрофилна подлога којашто содржи 6 % мешавина од етерични масла од еукалиптус, терпентин, смрека и од тимјан, 3 % камфор и 2 % ментол. Гелот Бил-ол дејствува вазодилататорно (ги проширува крвните садови), антисептично (против микроорганизми), експекторантно (за искашлување/исплукување) и аналгетично (против болка). Употребен локално на кожата го забрзува протокот на крвта предизвикувајќи чувство на топлина, проследено со слабо анестетично дејство, со што помага за ублажување на невралгични и на мускулни болки.

Употребен по пат на инхалација ги ослободува дишните патишта од затнатост, правејќи го секретот потечен. Етеричните масла во гелот Бил-ол предизвикуваат зголемен проток на крв во ткивата и дејствуваат антисептично (против микроорганизми) и на тој начин ги ублажуваат воспалителните процеси во горните дишни патишта.

Гелот Бил-ол лесно се впива во кожата, не мрси и не остава дамки на облеката.

Гелот Бил-ол се препорачува:

  • за олеснување на симптомите на настинка;
  • при воспаление на слузницата на носот и на синусите;
  • при затнатост на горните дишни патишта;
  • за олеснување на искашлувањето на густиот секрет;
  • за олеснување на симптомите на главоболка;
  • за олеснување на ревматски и на мускулни болки.

 

  • САМО ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА!
  • Деца од 4- до 12-годишна возраст:
  • Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се става гел во должина од 1 cm. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути. Постапката се повторува два до три пати на ден.
  • Се препорачува да се избегнуваат нагли промени на температурата на воздухот по инхалирањето.
  • Се препорачува да се користи инхалатор Bil-ol® којшто е специјално анатомски дизајниран за поефикасна инхалација. Според потребата, се препорачува инхалирање со вдишување низ носната празнина или, пак, низ усната празнина.
  • Возрасни и деца постари од 12-годишна возраст:
  • При настинка гелот се нанесува и се втрива во пределот под носот и/или на градите и на грбот и намачканите места се затоплуваат. Постапката може да се повтори два до три пати во тек на денот.
  • Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се става гел во должина од 1 до 2 cm. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути. Постапката се повторува два до три пати на ден.
  • Се препорачува да се избегнуваат нагли промени на температурата на воздухот по инхалирањето.
  • Се препорачува да се користи инхалатор Bil-ol® којшто е специјално анатомски дизајниран за поефикасна инхалација. Според потребата, се препорачува инхалирање со вдишување низ носната празнина или, пак, низ усната празнина.

За олеснување на ревматски и на мускулни болки гелот се нанесува и се втрива во пределот на зафатените места и тие се затоплуваат. Постапката може да се повтори три до четири пати во тек на денот