Becutan

Becutan е бренд кој успешно егзистира на меѓународниот пазар повеќе од 30 години. Континуирано, во целиот овој период, Becutan колекцијата е лидер во продажниот асортиман на Профитниот центар - Хемија, Козметика и Билкарство.

Доследноста во одржувањето на врвниот квалитет, придонесе довербата во овој бренд, повеќе од три децении, да се пренесува од генерација на генерација. Сите оние кои користат Becutan од својата најрана возраст, денес со него ги негуваат и своите деца. Тоа е најцврстиот темел за долгогодишната традиција на овој бренд.

Денес Becutan е изграден бренд во меѓународни рамки, притоа земајќи ги предвид сите аспекти кои ја градат вредноста на еден бренд: традиција, постојан квалитет, високо ниво на препознатливост кај потрошувачите, доверба, лојалност...

Досега се продадени повеќе од 100.000.000 производи и се бележи постојан тренд на пораст на продажбите.

Освен во Македонија, каде Becutan колекцијата е апсолутен лидер на пазарот со пазарно учество од над 50% во категоријата производи за нега на детската кожа, Becutan одлично се продава и во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора… И на овие пазари, според обемот на вкупните продажби, Becutan е во самиот врв, меѓу трите најпродавани брендови во својата категорија производи. Речиси 70% од продажбите на колекцијата се остваруваат на извозните пазари.

Доказ за одличната пазарна позиционираност се и меѓународните награди и признанија, доделени од страна на реномирани организации кои го следат потрошувачкиот сегмент на повеќе пазари.

Во 2008 г., Becutan е избран за Супербренд на пазарот на Босна и Херцеговина, а во 2009 г. за Супербренд во Македонија и во Хрватска.

Сите производи се клинички и дерматолошки тестерани и развиени во соработка со педијатри и дерматолози. Изработени се од врвни суровини со потврден квалитет кои соодветствува со Европските директиви за квалитетен производ наменет за нега на детската кожа. Производствениот процес е подложен на константна проверка на влезните материјали и готовиот производ, и се одвива во согласност со GMP - стандардите (Good Manifacturing Practice) стандарди на добра производствена практика, највисоки во оваа индустрија.

Becutan шампон за деца 200ml Becutan шампон за деца со камилица 200ml Becutan пенливо средство за капење со камилица 200ml Шампон за деца со екстракт од овес и Д-пантенол Пенливо средство за деца со екстракт од овес и Д-пантенол Becutan пенливо средство за капење 200ml Becutan маслено средство за капење 150ml Becutan хидратантно млеко за тело 200ml/400ml Becutan масло 200ml Becutan крем за деца 50ml, 75ml, 100ml, 150ml Becutan детска витаминска маст 100ml, 200ml Becutan детски хидратантен крем 200ml; 100ml Becutan маст со рибино масло Becutan заштитен детски крем со цинк оксид 75ml Becutan пудра за деца 100g Becutan тоалетен сапун 90g Becutan детски сапун со камилица 90g Becutan детски сапун со бадемово масло и со екстракт од овес 90g Becutan детски сапун со екстракт од лаванда 90g Becutan детска паста за заби 50g Becutan влажни марамчиња со камилица 72/1; 26/1; 20/1; 2x64/1; 4x72/1 Becutan бебешки стапчиња за уши Becutan колекција за сончање за деца Becutan инстант чај од сладок анасон Becutan инстант чај од сладок анасон и од цвет од камилица Becutan – инстант чај за добра ноќ од сладок анасон, од камилица и од маточина Becutan детски чај со аронија Becutan детски чај со мајчина душица Becutan детски чај за добра ноќ BECUTAN прашоци за подготовка на електролити за доенчиња, деца и за возрасни Лакта микс Becutan гел со разладувачки ефект Becutan пена за миење раце и лице Becutan шампон и пенливо срeдство за капење 2 во 1, 200ml / 400ml Becutan спреј против убоди од инсекти Becutan крем со бадем 100ml и 200ml Becutan шампон за деца 750ml Becutan шампон и купка 2 во 1 - 750ml Becutan омекнувач 1000ml Becutan течен детергент и омекнувач 2 во 1 - 1000ml Becutan течен детергент 1000ml Becutan тоалетна вода 50ml Becutan влажни марамчиња Becutan подарок колекции