BECUTAN шампон и купка 2 во 1

750ML

Овој производ претставува идеалана комбинација на два производи за нега и хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.

Составот на производот е збогатен со комбинација на активни материи од природно потекло кои имаат благо дејство и овозможуваат двојната намена на производот во целост да биде прилагодена кон потребите на детската кожа и коса. Една од состојките, Глицерил олеат, припаѓа на групата биолипиди и е физиолошка состојка во кожата, а како составен дел на овој производ овозможува одржување на биолипидниот баланс на кожата и придонесува за подобрување на нејзината заштитината функција.

Алое вера екстрактот делува антиинфламаторно, односно спречува појава на иритација и црвенило, а Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење, истовремено придонесува косата да биде еластична и сјајна. Екстрактот од пченични ‘ркулци ја заштитува кожата од сушење и влијае на подобрувањето на нејзината мекост и еластичност. Оваа состојка има веќе докажано дејство и кога е негата на косата во прашање, пченичните ‘ркулци придонесува за зајакнување на влакното, овозможувајќи косата да биде мазна, мека и сјајна.

Производот содржи и благ регенератор, што овозможува расчешлувањето да биде лесно и пријатно дури и за дечињата со бујна и кадрава коса. Со своето двојно дејство, овој производ овозможува негата на детската кожа и коса да биде едноставна, а притоа во целост прилагодена кон нивните потреби. По капењето кожата ќе биде нежна и мака а косата лелава и сјајна.

Не предизвикува солзење;

  • не содржи сапун;
  • не содржи алкохол;
  • не содржи парабени;
  • производот е клинички тестиран;
  • има приспособена pH вредност