Becutan крем со бадем

100ML и 200ML

Следејќи ги секојдневните потреби на најмалите, развиена е нова формулација на крем наменет за секојдневна нега на бебешката и детска кожа, чии што состав во својата содржина се базира на масло од бадем. Becutan детскиот бадемов крем има особено блага и хипоалергена формулација, а сите компоненти кои влегуваат во неговиот состав, имаат дејство да ја подобруваат влажноста на кожата, да ја смируваат и превентивно делуваат против појавата на црвенило и иритации. Не содржи парабени.

Во својот состав содржи:

  • Масло од бадем, кое е богато со витамини А, Е и D. Маслото помага во одржување на нормалната влажноста на кожата, истовремено, го намалува црвенилото на кожата и ја зголемува нејзината отпорност кон надворешните влијанија.
  • Ланолин кој ја одбива водата од површината на кожата и создава физичка бариера во допир со влага, притоа го спречува исушувањето на кожата и помага во одржувањето на нејзината природна влажност.
  • Цинк оксид, создава тенок заштитен слој кој површината на кожата ја одржува сува, а истовремено го спречува и го смирува црвенилото, исипот и иритацијата кај надразнетата кожа.
  • Вазелин кој го подобрува заздравувањето на испуканата кожа и го спречува губитокот на влага од кожата.

Кремот може да се користи и во пеленската регија. Не содржи парабени, бои и алкохол. Се нанесува во тенок слој, на чиста кожа со благо втривање