Becutan колекција за сончање за деца

Becutan кремот за сончање СПФ 50/ Becutan High Protection Sun Cream SPF 50, Becutan млекото за сончање СПФ 30/ Becutan High Protection Sun Milk SPF 30 и Becutan млекото во спреј за сончање СПФ 20/Becutan Medium Protection Sun Lotion SPF 20 содржат УВА+УВБ - филтри кои обезбедуваат сигурна заштита на бебешката и на детската кожа од ултравиолетовите зраци.

Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци, овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата.

Во својот состав содржат:

  • маслиново масло, ја хидрира кожата и дејствува против појава на црвенило;
  • екстракт од камилица, ја штити кожата од иритација, има антибактериско дејство и смирува евентуална појава на црвенило;
  • витамин Е, ја одржува нормалната влажност на детската кожа и ја прави мека и еластична;
  • Д-пантенол, ја хидрира кожата.

Производите се клинички тестирани.

Начин на употреба:

Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред да излезете на сонце или по секое капење.
Се препорачува почесто да се нанесува.
Внимавајте!
1 единица фактор овозможува 10 минути заштита од сонце.
Не се изложувајте на директна сончева светлина во периодот од 12 до 16 часот
(ултравиолетовите зраци во овој период се со највисок интензитет).
Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце.

Becutan млекото по сончање/ Becutan After Sun Milk е идеално за враќање на влажноста на кожата, по нејзиното изложување на сонце. Брзо се впива, а големиот процент вода што го содржи, интензивно ја навлажнува кожата.

Во својот состав содржи:

  • маслиново масло, ја прави кожата помека;
  • масло од невен, ја смирува и ја регенерира кожата;
  • камилица, дејствува антибактериски и смирува евентуална појава на црвенило;
  • Д-пантенол, ја хидрира кожата.  

Клинички тестиран.

Начин на употреба:

Се нанесува на чиста кожа по сончањето.