Becutan детска витаминска маст

50ml, 100ml, 200ml

Наменета е за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во деловите кои се покриени со пелена и во деловите каде што се формираат превои.

Клинички е докажано дека може да се користи уште од првиот ден по раѓањето и дека превентивно дејствува против појавата на иритации во деловите на бебешката кожа кои се најподложни на оштетување, како последица на допирот со влага и со нечистотии од пелената.

Becutan детската витаминска маст, во својот состав содржи:

  • витамин А и витамин Е кои ја одржуваат нормалната влажност на бебешката кожа, ја прават мека и еластична, а истовремено ја одржуваат и нејзината отпорност кон надворешните влијанија;
  • масло од невенов цвет кое ја смирува и ја обновува кожата.

Маста се нанесува на сува и чиста кожа при секое менување на пелените. Благо се втрива сé додека целосно не се впие во кожата.