Бадем

Бадемот, како и останатото јаткасто овошје, претставува богат извор на енергија, односно има 600 kcal за 100 g, има висока содржина на влакна (10g/100g) и на одредени минерали и витамини. Од минералите, манган и бакар застапени се во најголема количина, но во голема количина присутни се и минералите фосфор, магнезиум, калциум, цинк и калиум. Од витамините, оваа јатка е најбогата со витаминот Е кој е присутен во голема количина, а исто така застапен е и рибофлавинот – витаминот B2.

Манганот е важна компоненета во метаболизмот на јаглехирдатите, мастите и на протеините, но делува и како елемент кој ја помага функцијата на мозокот и на нервите.

Бакарот игра важна улога во метаболизмот на протеините, во процесот на заздравување и ја помага апсорпцијата на железо.Витаминот Е игра улога на антиоксиданс во човековото тело, но исто така, учествува во создавање на црвените крвни зрнца, ја регулира мускулната активност и активноста на жлездите.