Амарант

Оваа храна била високоценета уште пред 6000 години во времето на Ацтеките. Се користи како замена за житата и главна негова карактеристика е отсуството на глутен. Содржи големо количество манган, но, исто така, и железо, магнезиум, фосфор и диетални влакна. Амарантот претставува извор и на протеини и специфично е тоа што има есенцијална аминокиселина којашто е ретко застапена во растителни продукти. Железото е важно за развојот на децата, претставува важен дел од имуниот систем, придонесува за формирање хемоглобин и црвени крвни зрнца, за намалување на заморот и за нормална когнитивна функција.