Алкалакс

Чајот содржи лист од сена или популарно кај народот познат како мајчин лист. Листот од сена е најчесто користен растителен лаксатив, кој придонесува за нормално празнење на цревната содржина. Листот од нане ја намалува надуеноста и го олеснува испуштањето на гасовите. Исто така, дејствува спазмолитично, односно ги намалува грчвите во цревата и придонесува за нормално варење на храна.

Дејството се манифестира по 6 до 8 часа поради што препорачливо е да се користи навечер, пред спиење.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

Достапен е во филтер–кесички – 20 х 1 g и 50 g.